| четврток, 6 декември 2018 |

Авион на „Туркиш ерлајнс“ вратен поради закана од бомба

­ На авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот за швајцарскиот град Базел денеска му беше наложено да се врати во Истанбул поради закана од бомба, изјави портпаролот на оваа турска авиокомпанија. ­

– Авионот „боинг 738“, во кој се наоѓаа 151 патник и членови на екипажот, безбедно слета на аеродромот во Истанбул – ја пренесува Танјуг изјавата на потпаролот.

Авионот е одведен на безбедно место на аеродромот „Ататурк“, а деминери почнаа со претрага по евтуалната бомба.

На лист хартија пронајдена во авионот било напишано „има бомба“. Тоа е уште еден во серијата инциденти со бомбашки закани во авиони на „Туркиш ерлајнс“ во последните месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top