| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје европски, во Загреб и Белград балкански, во Сараево антигрчки

Вечерва ќе ечи Македонија , Македонија и во Сараево

Во пресрет на одлучувачката средба на Босанската репрезентација против Грција која може за прв пат да ги однесе  на голем фудбалски настан, фановите на Босанската фудбалската репрезентација измислија нова верзија на популарната песна Миљацка.

Да ја „победиме Грција денес“ се вели во песната која ја пренесува порталот МКД. мк 

Песната преку ноќ стана хит и предизвикува одушевување не само во БиХ туку и целиот простор на поранешна СФР Југославија. За очекување е новата верзија на „Миљацка“ да стане популарна и кај нас особено поради дел од текстот каде што се вели дека треба „Грците да се победат“, а и поради скандирањето на босанските навивачи „Македонија, Македонија“ на првата средба на овие две селекции лани во Атина.

Се очекува дека босанските навивачи и денеска против грција ќе скандираат Македонија, Македонија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top