| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена активност на НАТО во близина на руската граница

Интензитетот на борбените вежби на НАТО во 2014 година е зголемен за 80 отсто, изјави денеска началникот на Директоратот на главните операции на Генералштабот на Русија генерал полковник, Андреј Картаполов.

Тој вели дека раководството на НАТО не се ни обидело да ја сокрие јасната антируска ориентација на тие активности, пренесува „Танјуг“.

За време на тој период НАТО ги групирал силите на земјите-членки во балтичките држави, составени од десет илјади војници, 1.500 вооружени возила, 80 авиони и хеликоптери и 50 воени бродови, рече Картаполов на четвртата конференција за меѓународна безбедност.

Според неговите зборови за време на вежбите стратегиски бомбардери на американските воздухопловни сили извршувале стратегиски задачи.

Тој рече дека САД планираат да ги поддржат источно-европските сојузници со крстосувачки ракети од долг дострел, што ќе овозможи авионите на НАТО да погаѓаат цели до 1.300 километри во руската територија.

Во случај на воен судир, чувствителните објекти на територијата на речиси целиот европски дел на Русија ќе бидат ранливи кога се во прашање воздушните напади на НАТО, бидејќи времето на летот на ракетите ќе биде преполовено, предупреди Картакалов.

Воедно тој укажа и на зголемените разузнавачки активности на НАТО во Црно Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top