Силни полициски сили попладнево ја чуваат зградата на Амбасадата на Хрватска во Србија откако српската полиција добила информација дека се можни провокации во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар меѓу Хрватска и Србија
Во исто време во Загреб хрватската полиција не забележала ниту еден обид на српски навивачи за влез во оваа земја каде вечерва на стадионот Максимир се игра натпреварот од висок ризик меѓу двата соседи.
А во Загреб спроти натпреварот кој во медиумите во двете земји е означен како меч на деценијата и е еден од спортските настани со највисок ризик од распадот на СФРЈ од утринава се собираат навивачи од цела Хрватска и од странство но атмосферата засега е мирна пренесува агенцијата Бета.
На Главниот плоштад во Загреб е поставен видео бим на кој натпреварот ќе го следат тие што не успеале да најдат карта за Максимир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


