Во полициската акција „Колосек“ утрово се уапсени 16 лица поради сомнение дека организирале шверцување луѓе, објави Радио-телевизија „Црна Гора“.
Како што е прецизирано, од уапсените 16 лица, 11 се лишени од слобода во Подгорица, а петмина во Рожај.
Уапсените се товарат за извршување кривично дело шверцување луѓе на организиран начин, пренесува РТЦГ од извори во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.