| четврток, 6 декември 2018 |

„Танц-фест“ за првпат се одржа во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“

Во рамки на 11. „Танц-фест“, кој годинава првпат се одржува и во Велес, вчеравечер во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ се одржа гала-вечер на „Танцлаб“ и премиера на „Амбивалентност“ во кореографија на Валентино Апостоловски и во режија на Хана Миленковска.

Васил Зафирчев, уметнички директор на велешкиот театар, изјави дека е големо значењето што во рамки на манифестацијата „Велес Град на културата – 2015“ велешани првпат имаат убава можност во својот град да проследат и танцов фестивал.

– Имаат ретка можност да уживаат во прекрасните танцови музички кореографии и спектакли, а благодарение на големата поддршка што ја добиваат од Министерството за култура, во соработка и координација со Општина Велес и Народниот театар – истакна Зафирчев.

Во новата театарска зграда во Велес вечер ќе биде изведена танцовата претстава „Сите мои слики“, во кореографија и режија на Рисима Рисмкин, во изведба на Скопје танцов театар.

Во Велес ќе биде и затворен годинашниот „Танц фест“ – на 28 април, со ексклузивно гостување на светската атракција „Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг со спектаклот „Кунг фу денс гетвеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top