Ким Јонг-ун бил чудо од дете. Младиот лидер на Северна Кореја според училишните учебници во таа земја знаел да вози автомобил уште во третата година.
Наставниците во Северна Кореја добија нов прирачник за тоа што треба да им зборуваат на учениците за лидерот, а содржината, во најмала рака е неверојатна.
Овој гениј возел автомобил на три години а победил во трка со јахти на девет години!
Јужнокорејската телевизија известува дека прирачникот е наменет за предавачите на новиот предмет „Револуционерните активности на Ким Јонг-ун“кој е вклучен во училишните предмети за оваа година.
Децата во Северна Кореја учат дека нивниот лидер е вешт уметник и композитор, но и филмски продуцент. Уште учат и дека за две години напишал шест опери и дека ги следи стапките на својот татко. Наводно, тој бил и одличен спортист. Првпат палката за голф ја фатил во 1994 година на еден терен во С. Кореја и веднаш погодил 11 дупки. Воодушевен од успехот, веднаш се пензионирал!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата