| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж ќе биде испрашуван во еквадорската амбасада во Лондон

asanz

Основачот на Викилис, Џулијан Асанж се согласи да биде испрашуван во амбасадата на Еквадор во Лондон во врска со тврдењата за сексуално злоставување, изјави денеска неговиот шведски адвокат.

Асанж се наоѓа во оваа амбасада од јуни 2012 година, со цел да го избегне екстрадирањето во Шведска поради наводите за сексуално злоставување на две жени во 2010 година, што тој категорично го демантира.

Шведските истражни власти минатиот месец соопштија дека сакаат да го сослушаат Асанж во Лондон, отстапувајќи од претходните барања тоа да го направат во Шведска.

Австралискиот државјанин изјави дека стравува оти доколку Велика Британија го екстрадира во Шведска, тој потоа ќе биде предаден на САД, каде ќе му се суди за едно од најголемите обелоденувања на информации во американската историја, кога пред пет години беа објавени американски воени и дипломатски документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top