| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 40 имигранти од Либија се удавија во Средоземното Море

IMIGRANTI652_606518S1

Вкупно 41 имигранти се удавија во Средоземното Море. Сите се обиделе да стигнат од Либија до Италија со брод, раскажале четворица преживеани, кога пристигнале на сицилијанското пристаниште Трапани.

Ова го соопшти агенцијата „Ројтерс”, повикувајќи се на податоци од Меѓународната организација за миграција.

Четворицата преживеани рекле дека се од супсахарска Африка и го напуштиле либискиот град Триполи во саботата. Во текот на четири дена тие биле без насока, пред нивниот брод да се потоне, се наведува во соопштението на портпаролот на меѓународната организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top