-Западните земји настојуваат да го употребат потенцијалот на терористичките групи за да ги компензираат своите воени порази- изјави денеска во Москва иранскиот министер за одбрана Хосеин Дехган за време на Конференцијата за меѓународна безбедност.
– Со големо жалење морам да кажам дека оние земји кои ја поддржуваат Исламската држава (ИД) и другите терористички групи, спроведуваат специјална обука и логистичко планирање со цел да ги испратат милитантите до централна Азија, Кавказот, Индија, а потоа и до западна Кина и Европа – истакна Дехган, додавајќи дека тоа може да доведе до војна во централниот дел на Азија и на Кавказот.
Според него, покрај талибанците и Ал Каеда, се развива ситуацијата и со ИД.
– Новата американска стратегија и намерните акции на одреден број земји во регионот покажуваат дека постои програма за употреба на потенцијалите на терористичките групи, за да се создаде политичка рамнотежа по прашањето на безбедноста и да се наруши геополитичката ситуација во регионот – додаде иранскиот министер.
Тој смета и дека Саудиска Арабија „нема да ги постигне своите нелегитимни цели“ во Јемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро