| четврток, 6 декември 2018 |

Роџер Федерер се сопна во осминафиналето на мастерсот во Монте Карло

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Швајцарецот Роџер Федерер загуби во осминафиналето на тенискиот мастерс-турнир во Монте Карло од Гаел Мофис со 2-0 (6-4, 7-6).
Французинот одигра одличен меч кој, очигледно, подобро е подготвен за периодот кога следуваат турнири на земјени терени.
Федерер добро го почна мечот поведувајќи со 3-1 во гемови, но Монфис веднаш возврати со брејк, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на швајцарскиот тенисер, добивајќи го сетот со 6-4.

Лошиот ден кој го имаше Швајцарецот се одрази на играта во тај-брејкот кога при водство од 5-3 успеа да загуби четири поени по ред и да го загуби мечот.

Мофис во четвр-финалето ќе се сретне со Григор Димитров, кој го декаласираше Вавринка со 2-0 (6-1, 6-2).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top