Петмина битолчани заработија кривични пријави за насилство од битолската полиција, по тепачката што се случи пред десетина дена пред познатиот ноќен клуб „Расчекор“.
Пријавените Н.С.(29), Б.К.(26), К.Т.(20), А.З.(27), И.Б.(23) и М.Љ.(22), на 5 април во 1.30 часот се организирале во група, се собрале пред ноќен клуб „Расчекор“ во Битола и почнале вербална расправија бидејќи не ги пуштиле да влезат.
Тие физички нападнале шест битолчани, вработени во агенција за приватно обезбедување, кои биле на работно место и го обезбедувале ноќниот клуб.
Тие со дрвени палки и фрлање на разни предмети, кај присутните во ноќниот бар предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, додека на вработените во обезбедувањето им нанеле телесни повреди, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


