| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлил Mолотов коктел врз ноќен клуб

molotov koktel

Утринава 37-годишен битолчанец се обиде да го запали ноќниот клуб „Расчекор“.

Тој со намера да предизвика пожар на  влезната врата од клубот фрлил непозната запаллива материја, најверојатно Mолотов коктел, кој удрил во дрво и се запалил.

Запалената материја се распрснала и ги повредила Х.Н.(23) и В.Г.(27), двајцата од Битола, кои во моментот биле присутни пред ноќниот клуб.

Повредените се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош, додека С.Н. е приведен во СВР Битола за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top