Студиото „Арт балет“, кое е отворено со кредит за самовработување преку Владата, бележи значајни резувлата и жнее награди во Европа. Споственик е Тамара Ѓурчиновкса, која е балетски педагог и кореограф. Студиото го отворила пред девет години, кога имала само 21 година, а годинава ја доби наградата на Министерството за труд и социјална политика како еден од најдобрите бизниси во изминатиов период во областа на културата.
– Сите беа скептични на почетокот, но „Арт балет“ се разви во едно јадро на уметноста бидејќи, пред сè, јас сум уметник и многу ја сакам уметноста. Мојата цел е, пред сè, да им пренесам на децата еден убав дел од животот затоа што речиси секое девојче сонува да биде балерина. Секогаш почнува од сон, следува хоби, а подоцна на некои им поминува во професија. Драго ми е што тие може да ја почувствуваат магијата на сцената, убавината на класичната музика – вели Ѓурчиновска.
Таа нагласи дека големо богатство е што имаат поддршка од семејствата на девојчињата, но и од Министерството за култура.
-Министерството за култура има разбирање за приватните студија како нас. Ние сме клучна гранка во културата бидејќи постојат многу уметници што не се охрабруваат да почнат сами свој бизнист. Би ги поздравила сите млади што се занимаваат со која било уметност, едноставно да ја вклопат секоја нивна идеја, да постапат храбро и да го земат секој предизвик затоа што носи успех – вели Ѓурчиновска.
Тамара нагласи дека дечињата на 30 јули минатата година на светскиот шампионат во градот Остија во Италија освоиле две први места во категоријата класичен балет јуниори и категорија класичен балет сениори.
-Во Србија освоивме 13 први места, во Виена шест први места, три втори места, три трети места, две четврти места, едно петто и едно деветто место. Секогаш кога заминуваме на овие патувања гелдаме да се претставиме со што повеќе кореографии и танцувачки стилови – вели Ѓурчиновска.
Денеска ова училиште го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и рече дека ќе им се даде можност да одржат голем концерт на сцената на МНТ.
-Имавме 12 самостојни концерти. За годинава ја подготвуваме „Четири сезони“ од Антонио Вивалди. Ќе ми биде големо задоволство ако тоа се случи во МНТ бидејќи на овие дечиња им е потребна голема сцена на која ќе го прикажат тоа што го вежбаат овде секој ден.
-Да се создаде едно вакво студио, да се дејствува едукативно во еден кадар, кој е многу важен за нашата држава и тоа во делот на културата, во делот на балетскиот кадар и подигнувањето на свеста што значи уметност, култура, уште од најмали нозе, верувам дека ќе вроди со плод. Верувам дека голем дел од овие дечиња ќе станат вистински уметници и ќе ги најдат своите места во нашите институции, во македонската опера и балет, каде што може самостојно да дејствуваат како врвни уметници – изјави министерката Канческа-Милевска при средбата со дечињата во „Арт балет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија


