| четврток, 6 декември 2018 |

Охридскиот театар со „Детектор за лаги“ на фестивалот „Денови на Нушиќ“ во Смедерево

Охридскиот народен неатар в сабота, 18 април 2015 година, ќе гостува на фестивалот „Денови на Нушиќ во Смедерево Србија, со хит-претставата „Детектор за лаги“, режија Ненад Витанов.
Годинава се одржуваат 32. „Денови на Нушиќ, фестивалот е основан во 1984 година во чест  на Бранислав Нушиќ, кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top