| четврток, 6 декември 2018 |

Фијон – кандидат за прелиминарните претседателски избори на десницата

 фијон

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон, кој помина пет години во сенка на Никола Саркози, официјално ќе биде кандидат на прелиминарните претседатслки избори на конзервативната УМП, која наскоро треба да се преименува во Републиканска партија,  јавува дописникот на МИА од Париз.

Според предвиденото, УМП ќе го назначи својот претседателски кандидат во 2016 година, кој ќе ја претставува на претседателските избори во 2017 година.

Во неделникот „Ле Пуант“, поранешниот премиер изјавува: „Јас сум кандидат на напредокот со една единствена амбиција: да ја претворам Франција во првата економска сила во Европа за десет години“.

Од редовите на УМП, Фијон не е единствениот можен кандидат, најчесто се споменуваат имињата на уште еден друг поранешен премиер Алан Жупе и на поранешниот француски претседател и сега лидер на партијата Никола Саркози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top