| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението на прволигаши ќе бара решение за случајот „Карпош Соколи“

kfm

На итната седница закажана за денеска во 18 часот Здружението на кошаракарски прволигаши на Македонија ќе се обиде да најде решение за проблемите кои настанаа со случајот „Карпош Соколи“ по одлуката на Арбитражната комисија да ги усвои жалбите на КК Работнички и КК Куманово укажувајќи на неправилностите во одлуките кои ги донесе Натпреварувачката комисија.
Арбитражната комисија укажа што поскоро да се реши проблемот во македонската кошарка и да се продолжи со натпреварувањата во Суперлигата. „Соколите“ не успеаја да се регистрираат навреме, во терминот пропишан со Законот за спорт (до самиот почеток на Супер-лигата), па иако во меѓувреме беа вршени маневри за ситуацијата да се прикаже дека биле регистрирани до својот прв меч, се чини дека сега ќе треба децидно да се почитува овој закон.

Во оваа ситуација Куманово и Работнички веќе јасно и гласно порачаа дека очекуваат законските одредби да важат еднакво за сите, па токму затоа интересно ќе биде да се види каков „лек“ ќе се најде за големата криза во македонската кошарка.

На состанокот попладнево ќе бидат присутни и претсавници на Арибтражната комисија, па да се види какво решение би можело да се најде, за еднаш засекогаш да се заврши случајот „Карпош Соколи“ и битката за трофејот да почне да се води на терен, како и што порачаа со вчерашното соопштение и Здружението на македонски кошаркари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top