СВР Тетово поднесе кривични пријави за Р.Ј. (30) и за А.М.(23), двајцата од Голема Речица, кои се осомничени во врска со вооружената пресметка што во петокот, на 20 април, околу 22 часот се случи во кафе-барот „Бар код“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– Првопријавениот Р.Ј. веднаш по престрелката, во која 6 лица се здобија со повреди од огнено оружје, при што А.А.(22) им подлегна на повредите, избегал и по него е распишана потрага, додека второпријавениот А.М. вчера бил изведен пред судија во претходна постапка, кој му определил притвор во траење од 30 дена – рече Јосифовски.
За останатите информации за случајот од полицијата упатија кон јавното обвинителство од каде што најавија дека многу скоро ќе има соопштение на нивнта службена веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.