| четврток, 6 декември 2018 |

Се намалуваат резервите на нафта

O

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја намали прогнозата за производство на нафта во земјите што не се членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

Причина за тоа е промената на ситуацијата во Северна Америка и заострување на конфликтот во Јемен.

ИЕА прогнозата за производство на нафта во државите надвор од ОПЕК ја снижи за 120.000 барели на 630.000 барели дневно во 2015 година, поради како што е соопштено, нешто помали перспективо во поглед на производство на американска лесна нафта и производство на нафта од песок во канада, како и последица на заострување на немирите во Јемен.

Според најновите процени, немирите во Јемен го преполовија производстворо на околу 60.000 барели нафта дневно во април од претходните 120.000 барели дневно, пренесува „Франс прес“.

Во Северна Америка, порастот на производството на лесна нафта веќе на почетокот на мај ќе биде прекинат, се наведува во извештајот и укажува на понатамошен пад на бројот на нафтени дупчења во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top