Фондацијата на семејството Клинтон соопшти дека ќе ги ограничи донациите од владите на шест држави, откако Хилари Клинтон реши да се кандидира за претседателските избори во САД, пренесоа британските медиуми.
Австралија, Канада, Германија, Холандија, Норвешка и Обединетото кралство, се земјите кои ја финансираат дејноста на фондацијата во областите како што се климатските промени или економскиот развој.
Фондацијата вети дека четири пати годишно ќе ги објавува имињата на своите нови донатори.
Хилари во неделата се повлече од управниот совет на фондацијата , кога соопшти дека ќе се бори да стане кандидат на Демократската партија за претседателските избори во САД во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“