| четврток, 6 декември 2018 |

Плејоф за Бруклин и за Њу Орлеанс, извисија Оклахома и Индијана

Екипите на Бруклин нетс и Њу Орлеанс пеликанс го фатија последниот воз за доигрувањето за титулата во НБА-лигата, а извисија Индијана пејсерс и Оклахома тандерс.

Клулен на крајот беше меѓусебниот биланс на победи меѓу 4 екипи, а Бруклин беше подобар од Индијана на Истокот, додека Пеликанс имаа повеќе среќа од Тандерс во Западната конференција.

Резултати: Филаделфија – Мајами 101-105, Торонто – Шарлот 92-87, Бруклин – Орландо 101-88, Чикаго – Атланта 91-85, Кливленд – Вашингтон 113-108 (по продолженија), Далас – Портланд 114-98, Хјустон – Јута 117-91, Милвоки – Бостон 100-105, Минесота – Оклахома 113-138, Њу Орлеанс – Сан Антонио 108-103, Њујорк – Детроит 90-112, Мемфис – Индијана 95-83, ЛА лејкерс – Сакраменто 99-122, Голден стејт – Денвер 133-126.

 

Двојки за првио коло, Источна конференција: Атланта (1) – Бруклин (8), Кливленд (2) – Бостон (7), Чикаго (3) – Милвоки (6) и Торонто (4) – Вашингтон (5).

Запад: Голден стејт (1) – Њу Орлеанс (8), Хјустон (2) – Далас (7), Лос Анџелес клиперс (3) – Сан Антонио (6), Портланд (4) – Мемфис (5).

bruklin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top