Кошаркарите на Партизан по само 24 часа од првиот натпревар од полуфиналето од АБА лигата успеја да дојдат до „брејк“ победа против Црвена Звезда измранувајќи во резулатот на 1-1 во серијата подобар до три победи.
„Црно-белите“ одиграа далеку подобар натпревар и заслужено славеа победа. Во текот на целиот натпревар избраниците на Душко Вујошевиќ го контролираа резултатот во текот на целиот меч, а само во финишот дојде до драматична завршница откако Звезда при резултат 62-69 направи серија од 6-0 и имаше напад за победа, но Словенецот во редовите на „Црвено-белите“ Јак Блажиќ направи продор кон противничкиот кош, но неговиот обид беше изблокиран од страна на Милутинов.
До крајот на мечот Тепиќ реализираше едно слободно фрлање што беше доволно за триумф.
Мачван беше главна фигура на овој меч со 14 поени и 17 скокови (седум офанзивни), а добра игра кај Партизан прикажаа и Акојон со 13 и Павловиќ со 11. Кај Црвена звезда најефикасни беа Американците Џенкинс (19) и Вилијамс (15 поени), додека Марјановиќ повторно одигра далеку под своите можности постигнувајќи само два поени.
Во втората полуфинална пресметка Будуќност повторно беше подобар од Цедевита, триумфирајќи со 81-76 за водство од 2-0 во пресрет на двата меча во Загреб што ќе се играат викендов. Савовиќ повторно беше најзаслужен за победата на Црногорците со 22 поени, пред Шеховиќ со 14.
Следните натпревари се играат в сабота, а домаќини се Партизан и Цедевита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


