Граѓаните се помасовно го даваат својот потпис за иницијативата лидерот на СДСМ Зоран Заев да одговара за велепредавство. Редици за потпис денеска се чекаа и во скопската населба Ѓорче Петров. По само три акции на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) се собрани околу 9.500 потписи.
– Собрани се 9.450 потписи. Тоа кажува дека свеста и самосвеста на нашите граѓани за одбрана на основните базични принципи на демократијата и тој демократски рефлекс кој сака принципиелно да изреагира, што значи дека сите институции на државата треба да ги превземат своите компетенции и да реагираат на ова веќе скоро тромесечно незаконско, нелегално и нелегитимно делување на опозицијата, истакна драматургот и писател Бранислав Димитров.
– Го искористувам моето слободно граѓанско право да дадам потпис за да се оддржи мирот во оваа земја и да не наседнуваме брат со брат да се мрази, туку да се зближиме што повеќе, бидејќи нашите дедовци и прадедовци гинеле за оваа земја, а не како сега за пари што се продаваат некои Македонци. Тоа е жално, за пари да се продадеш и да станеш душман на сопствената земја. Жална е сликата да наседнуваме на некои што живеат само за сопствени интереси, истакна граѓанин на Македонија кој денеска го даде својот потпис.
Списокот со иницијативата за Заев да биде прогласен за велепредавник ќе ја помине цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Швајцарската претседателка Дорис Леутард се потпиша против промена на името
-
Заев за ставот на Иванов: Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише, ќе потпише
-
Викендов ќе се потпише договорот со Грција
-
Петров: Се додека Македонците за Софија се Бугари, договорот за добрососедство со Бугарија е велепредавство