| четврток, 6 декември 2018 |

По пет години Работнички и Тетекс повторно се финалисти на Купот на Македонија

Најмасовното клупско фудбалско натпреварување во нашата земја денеска ги доби двата финалиста откако беа одиграни реванш средбите од полуфиналињата.
Работнички во Тетово против Ренова успеа да извлече нерешен резултат (1-1) што беше доволно за пласман во финалето на Купот откако во првата средба против „гипсарите“ славеше со 2-1.
Романтичарите“ први дојдоа до водство во 70. минута со голот на Кире Маркоски, а Ренова единствено успеа преку Гафури во 86. минута да го израмни резултатот.

Во Турново домашната екипа Хоризонт успеа да ја анулира предноста на Тетекс од првиот натпревар 2-1 и со идентичен резултат дојде до изведување на пеналите. Сепак расположениот гостински голман Манчевски успеа да одбрани два пенала и со вкупен скор од 4-2 во пенал-рулетот да го одведе својот тим во финалето.
На денешниот дуел во Турново, „штофарите“ во првото полувреме со голот на Чурлинов дојдоа до водство, но во второто полувреме, сепак, домашните најпрво израмнија во 65. минута, а во 88. минута од натпреварот со втор гол се изборија за пенали.

За еден месец кога е закажано финалето на најголемиот стадион во Македононија, Арената Филип Втори, ќе се сретат добрите познанци бидејќи тие веќе еднаш во 2010 играа во големото финале. Работнички е актуелен освојувач на купот и ќе има шанса и оваа година да ја одбрани титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top