Харизматичниот тренер на Борусија Дортмунд Јирген Клоп ја заврши мисијата во редовите на популарните милионери и најави разделба. Веројатно ќе се пресели во некој од англиските клубови, според информациите на германските медиуми.
„Завршува една прекрасна приказна, бајка на која не сакав да и дојде крајот. Сепак во себе чувствувам дека донесов апсолутно правилна одлука да ја завршам одисејата во Борусија. Засега немам конкретна понуда од ниту еден клуб“, изјави Клоп.
Со него на клупата, Борусија го врати стариот сјај и со атрактивниот стил на игра ги пленеше срцата и на навивачите на клубот, но и на многу искрени љубители на фудбалската игра. Клоп ја предводеше Борусија од 2008 година и освои две домашни титули и еден куп, а играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година, кога загуби од Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Клоп го „избрка“ Гвардиола од неговата прес-конференција (видео)
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд