| четврток, 6 декември 2018 |

Современ европски филм во Кинотека на Македонија

Циклусот „Денови на современ европски филм“ во Кинотека на Македонија почнува идниот понеделник, на 20-ти април. Ќе бидат прикажани „Ида“, добитник на најрелевантните светски награди за 2014 година, вклучувајќи го и Оскарот за странски филм, шведскиот „Стогодишникот што скокна од прозорецот и исчезна“ на Феликс Хернгрен, „Зоран, мојот внук идиот“ на Матео Олеото и „Ѕид“ на Јулијан Пелслер.

На 28 април, во рамки на Францускиот киноклуб, предвидена е проекција на „Главната централа“ во режија на Ребека Злотовски. Кинотеката, традиционално, на денот на основањето, 29 април, ќе ја додели наградата „Златен објектив“. Вечерта, но и следната вечер љубителите на филмот ќе имаат можност да го видат српскиот „Мали свет“ на Милош Радовиќ со што завршува програмата за овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top