Војводина во 2014 година остварила девизен прилив од туризмот од 200 милиони и 670 илјади долари што е за речиси 30 отсто повеќе во однос на 2013 година, соопштија покраинските власти.
Според податоците на Републичкиот завод за статистика, во 2014 година во Војводина престојувале 370.000 туристи што е за седум отсто повеќе во однос на 2013 година.
За 11 отсто е зголемен бројот на странски и за четири отсто бројот на домашни туристи кои оствариле повеќе од 900.000 ноќевања.
Две дестинации – Нови Сад и Суботица оствариле најмногу ноќевања – што се толкува со голем број различни саемски и стопански манифестации како и фестивали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци