Претседателот Ѓорѓе Иванов во Дојран присуствуваше на нуркачката акција за чистење на водите на Дојранско Езеро, што се организира по повод Светскиот ден на водите.
– Денеска сме тука за да го одбележиме Светскиот ден на водите и да укажеме дека треба да се грижиме за нив. Водите се ограничен ресурс, а без вода нема ни живот, така што еве и со оваа акција на чистењето на езерото покажуваме колку треба да бидеме посветени и за нас, а и за идните поколенија – истакна Иванов.
Убаво е, додаде, да се види на ова место како македонските и грчките нуркачи го чистат езерото затоа што тоа е заедничко, ни припаѓа и нам и на Грција, така што, како што истакна, со овој симболичен гест се кажува дека секоја акција што е заедничка може да даде резултат и успех, да се сочуваме и околината, а и да се покаже грижа за идните поколенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа