| четврток, 6 декември 2018 |

Реновирана просторијата за дневен престој на пензионерите во Велес

Во Велес денеска е пуштена во употреба реконструираната просторија во Домот при Здружението на пензионерите, пренесува МИА.

Како што информира Веле Алексоски, претседател на Здружението на пензионерите, трпезаријата е обновена од сопствени средства, поставени се четири телевизори, реконструирани се санитарните јазли, а има и посебна просторија за љубителите на шах.

– Со ова ќе се подобрат условите за дневен престој, исполнување на слободното време и дружењето на пензионерите, рече Алексоски.

На пуштањето во употреба присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, благослов упатија и свештеници од Повардарската Епархија, а пред присутните настапи хорот „Пензионери”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top