| четврток, 6 декември 2018 |

Путин на „Твитер“ има 1,8 милион следбеници, а тој следи само една личност

tviter

Социјалните мрежи станаа задолжителни за поголемиот дел од светските политичари, а за нивната моќ говори и фактот што Хилари Клинтон влегувањето во претседателската трка го објави токму преку „Твитер“.

Тимови составени од стручни лица ги водат профилите на „Твитер“ и на „Фејсбук“ на најмоќните светски лидери. Така, рускиот претседател Владимир Путин на „Твитер“ го следат 1,8 милион лица, а тој следи само една личност – самиот себе, односно својот твитер-налог на англиски јазик!

Неговиот профил на „Твитер“ на англиски јазик го следат повеќе од 234.000 лица, а Путин следи деветмина, а тоа се претседателот на Венецуела, премиерот на Индија, поранешниот преседател на Венецуела, претседателот на Панама, претседателката на Бразил и првата жена на Аргентина.

Обама има најмногу следбеници на Твитер – вкупно 58 милиони, а тој следи 644 илјади личности. Обама и Путин не се следбеници еден на друд на „Твитер“.

По Обама, најмногу следбеници имаат индискиот премиер Нараендра Моди, индонезискиот политичар С. Б. Јудхојено и поранешниот турски претседател Абдулах Ѓул.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top