| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре автобуска постојка во општина „Ѓорче Петров“

постојка

Изгоре автобуска постојка лоцирана спроти зградата на општина Ѓорче Петров, во пожар, што, според општината, се случил синоќа од несовесно однесување на граѓани.

Пожарот на ул. „Ѓорче Петров“ синоќа во 21:45 минути го забележал општинскиот чувар кој интервенирал со апарат за гаснење со што спречил и поголема штета затоа што на само три метри од постојката се наоѓа семејна куќа.

Од Општина Ѓорче Петров оценуваат дека станува збор за вандалско однесување. Неодамна, потсетуваат, гореа и контејнери, но се крадат и ново засадени млади дрвца на повеќе локации во општината, се корнат ново засадени цвеќина, се кршат сијалици од уличното осветлување, табли од кошеви, клупи, корпи за отпадоци,…

– Тоа е, за жал, секојдневие со кое се справува општината, но и покрај брзите интервенции од општинарите, сепак не се довјасуваат овие вандалски чинови.  По се изгледа дека единствено решение е воведување на  високи мандатни казни за сторителите затоа што не сакаме да го чуваме она што ни е заедничко – се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top