На натпреварот за соло и камерна музика „Свирел”, што се одржува во Словенија, дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски освои сребрена награда.
Двајцата македонски кларинетисти, на фестивалот што се одржа минатиот викенд, се натпреваруваа во категоријата камерни состави во која настапија учесници од повеќе европски земји.
Меѓународното жири им ја додели сребрената награда.
Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски како дуо кларинети заедно настапувааат веќе неколку години и успешно ја презентираат македонската музичка култура во земјата и во странство.
Двајцата кларинетисти заеднички соработуваат и како членови на оркестарот при Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
Филип Димишковски е најдобар млад џез музичар за 2018