Руската парична единица рубља повторно е актуелна по менувачниците и банките, а со оглед на растот на цената на нафтата, предвидениот колапс на руската економија засега не се случува. Русија сега повторно се радува, бидејќи санкциите не ги дадоа резултатите кои ги очекувале Брисел и Вашингтон. А за заздравување на рубљата е најзаслужна една од најблиските соработници на Владимир Путин и личност која еден од главните носители на „Путиновиот економски план“, енергичната 52-годишна претседателка на Народната банка, Елвира Набиулина. Таа донеодамна беше и помошничка за економски прашања на Путин. Таа не потпадна на паниката која владееше во Крмљ.
Ризикуваше и успеа, иако и цената на нафата ѝ помогна. Нејзините зборови „на мешетарите на берзата им е потребен ладен туш, нема веќе да се бориме со пазарот“, ги пренесе и Блумберг.
Многумина ја сметаат Набиулина за сива еминенција или барем дел од економскиот тим кој мора да смисли начин Русија да не доживее колапс.
Таа била една од најдобрите студентки на Економскиот факултет на Универзитетот во Москва. Почнала да работи во најмрачниот период за Русија – распадот на СССР, економијата била на работ на пропаст, барелот бил 20 долари, владеела политичка нестабилност.
Во време на Путин, кога тој стапува на власт во 2000 година, работи во Центарот за стратешки одлуки, каде што прв ја забележува пријател на Путин и финансиски маг Герман Греф. Набиулина не ја пропуштила шансата и таа почнува да работи во Министрството за економски развој, кое подоцна таа ќе го презеде во 2008 година, кога почнува рецесијата. Московските медиуми пишуваат дека таа знае да се „закачи“ со Путин, а тој „ѝ јаде од раце“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.