| четврток, 6 декември 2018 |

Авион на „Алjаска ерлајнс“ принудно слетал

Пилотот на авионот на компанијата „Алjаска ерлајнс“ покрена тревога и побара и доби дозвола за принудно слетување во Сиетл, на пацифичкиот брег од САД, откако беше откриено дека „нешто чудно се случува“ во делот на авионот каде што е сместен багажот.

Авионот „Ббоинг 737“ летал на својот редовен лет од Алјаска кон Лос Анџелес, со 170 патници. Летот се одвивал нормално сѐ додека главниот пилот не слушнал звуци од под трупот на авионот.

Веднаш по слетувањето, авионот бил детално прегледан ,а во неговиот „багажник“ бил откриен „заробен“ човек за кој никој од членовите на екипажот не знаеле дека е таму.

Човекот рекол дека е работник во одделот за товарење на багажот на патниците и дека заспал меѓу куферите и багажот уште додека траело товарењето.

Неговиот раководител во Алјаска го потврдил идентитетот и изјавил дека забележал оти нема еден од неговите вработени, по кого почнала потрага. Неговите колеги го барале по мобилен телефон, па кога не успеале да го најдат, заклучиле дека заминал дома за да спие

„Заспаниот“ работник признал во Сиетл дека бил преморен од работата и дека кога седнал да се одмори во утробата на авионот, заспал. Рекол дека не ни забележал кога авионот полетал.

На работнто место дошол во 5 часот и дека работел постојано до 14.30 часот, кога заспал од премореност.

Аеродромските власти во Сиетл побарале тој да биде прегледан во болница за да се утврди дали има некакви повреди поради времето поминато во „багажникот“ на „боингот“. Во болницата му бил земен и тест за да се види дали бил дрогиран, но бил брзо отпуштен како сосема здрав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top