| четврток, 6 декември 2018 |

„Конкеринг лајон“ во Битола за старт на европската турнеја

Тетовскиот регеска-состав „Конкеринг лајон“ (Conquering Lion) на 17 април ќе гостува во „Порта џез“ во Битола. Концертот ќе го означи почетокот на турнејата која ќе се одвива низ Европа во периодот април – мај годинава. Почетокот на концертот е во 22 часот.

Последен пат „Конкеринг лајон“ настапуваа во Битола мината година на фестивалот „Битола отворен град“.

Групата подготвува нова песна заедно со рап-триото „Грин аут“, кој ќе биде промовиран и пуштен по европската турнеја, а го подготвуваат и четвртиот албум, кој би требало да излезе до крајот на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top