Во пожарите, кои вчера ги зафатија населените делови на Сибир, загинаа 26 лица, а речиси илјада побараа лекарска помош, соопштија руските власти, пренесува БТА.
Вкупно 77 лица завршија во болница, а осум се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалните власти Ирина Емелианова.
Таа истакна дека огнот зафатил повеќе од 30 села, а пет илјади лица останале без своите домови, меѓу кои илјада се деца.
Властите сметаат дека пожарот е последица на неодговорно човечко однесување и палење сува трева во ден, кој бил исклучително топол.
Околу пет илјади спасувачи се бореа да го спасат Блазес во Хакасија во регионот на југоисточен Сибир, каде што загинаа 23 лица, соопштија властите.
Пожари беснеа и во источен Сибир, каде што загинаа три лица, меѓу кои тригодишно девојче, изјавија претставници на регионот Чита.
Кремљ соопшти дека со итните спасувачки акции коодинира лично претседателот Владимир Путин.
– Вчера рано изутрината се изгаснати пожарите во сите 38 села, со помош на авиони, откако е причинета материјална штета од околу 94 милиони долари – изјави премиерот на Република Хакасија, Виктор Зимин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.