Во текот на изминатите пет дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 36 сообраќајни незгоди.
Во четвртокот, на 9 април, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во петокот, на 10 април, е извршен увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во саботата, на 11 април, е извршен увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден пешак и еден возач на мотоцикл.
Во неделата, на 12 април, е извршен увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден пешак и еден возач на мопед.
Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни пет лица.
Во понеделникот, 13 април, е извршен увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Во текот на изминатите пет дена од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 29 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 92 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 42 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 22 не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие пет дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 107 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Браќа Миладиновци“ во населено место Миладиновци и во подрачните училишта во населените места Мршевци и Текија кои се наоѓаат на територијата на општина Илинден.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.