Хилари како предност го истакнува големото искуство како прва дама, додека нејзиниот сопруг Бил Клинтон владееше со државата, но и како сенаторка и како државен секретар. Но Републиканците сметаат дека најголемите потешкотии можеби ќе ги има заради „бурното минато“ кое го оценуваат како „скандалозно и скришно“. Всушност, доколку Хилари ги загуби изборите, најголем виновник ќе биде сопругот Бил и интервенцијата во Бенгази.
Сексуалните скандали на Бил се нашироко познати и се една од најголемите петна на „беспрекорниот имиџ“ кој што Хилари и нејзиниот тим го форсираат.
Заради неговата невоздржаност се редеа афери и тужби заради сексуални вознемирувања.
Познато е дека поранешната службеничка Пола Џонс го тужеше Клинтон за тоа, потоа во 1998 Клинтон призна интимни односи со поранешната новинарка Џенифер Флауерс. Сепак најбурниот скандал за кој и денеска се зборува беше односот со Моника Левински.
-Ништо од тоа не е вина на Хилари- посочи републиканскиот сенатор Ренд Пол, кој се очекува и самиот да се кандидира. Сепак додаде дека најголема штета може да предизвика случувањето од Арканзас од почетокот на 80-тите години, кога парот Клинтон ја почна политичката династија, но и место каде „немирниот“ Бил како гувернер е вклучен во уште еден скандал.
Клинтон се здружиле со корпорацијата „Вајтвотер Девелопмент“ и станале партнери со Џим и Сузан Мекдугал во бизнис со недвижнини. Тој зафат е одбележан со сомнителни работи и тужби за измама, заради што парот Мекдугал завршија во затвор.
Брачниот пар клинтон никогаш не бил обвинет, но противкандидатите на Хилари веќе се служат со аферата.
Сепак, можеби најголем камен на сопнување би можел да биде нападот врз американската мисија во Бенгази од 2012 година. Републиканците тогаш „фрлаа со дрва и камења“ по Хилари, обвинувајќи ја дека не сторила доволно како државен секретар.
На крај, скандалот кој се уште е активен е оној со имејловите кои Хилари на времето ги праќала за време на својот мандат како државен секретар. Имено, низ четиригодишната работа во Стејт департментот од 2009 до 2013 година, Хилари никогаш не ја користела владината имејл адреса туку само приватната, што е во целост против прописите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД