| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор Евица Бојаџиевска ја загуби битката со болеста

taznavestt

По долга и тешка борба со ракот на црниот дроб, рано утрово почина д-р Евица Бојаџиева, за која јавноста хумано донираше средства за нејзината борба со полеста.

Како што дознава „Курир“, Бојаџиева почина утрово во 6:30 часот во својот дом. Бојаџиева се лекуваше во Кина, а третманот на нејзината болест траеше до 20 јануари. По третманот, се јавија метастази кои ги зафатија повеќето органи. Бојаџиева почина откако целосно и откажа црниот дроб.

Погребот ќе биде утре во Штип.

Доктор Бојаџиева боледуваше од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Сите напори за евентуален оперативен третман во специјализираните центри во Словенија, Германија и Италија беа неуспешни поради инвазивноста на болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top