Со протести на стотици лица во округот Маниса денеска почна судењето на 45 луѓе менаџери и вработени во рудникот кај Сома на запад во Турција кои се обвинети за смртта на 301 рудар кои загинаа во пожар минатата година.
На почетокот на удењето не се појави првиот човек на компанијата Сома, Комур Ислетмелери и генералниот директор на рудникот за јаглен. Несреќата се случи на 13 мај лани.
Поради безбедносни причини судијата одлучи осуммина од обвинетите менаџери кои се во притвор во Измир да не присуствуваат на почетокот на судењето туку своите изјави да ги дадат преку видео линк.
Стотици демонстранти се вклучија денеска во протестна поворка во западна Турција барајќи остри казни за раководството. Членови на семејствата на загинатите носеа шлемови обоени во црно во имиња на мртвите рудари.
Стотици полицајци беа распоредени пред зградата на Судот за спречување судири на собраните луѓе кои наведуваат дека и владата е одговорна поради „затворање очи“ за недостатоците за безбедноста во рудникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.