| четврток, 6 декември 2018 |

Две жртви при прослава на Велигден во Грција

Две лица загинаа и две се повредени во различни инциденти што вчера се случија во и близу Каламата во Грција, за време на прославата на Велигден.

Еден 25 годишен маж е тешко повреден при експлозија на своерачно направен огномет за време на вчерашната прослава на Велигден во Каламата. Мажот бил однесен во болница каде му биле ампутирани двете раце, а во експлозијава го загубил и видот. За време на експлозијата до него било уште едно 25-годишно лице кое е полесно повредено.

Неколку часа претходно, две лица загинале од електричен удар откако нивните огнометни ракети удриле во кабли за струја. Двете лица, на возраст од 23 и 26 години, држеле кабел кој бил закачен за ракетите. Овој инцидент се случил во близина на Каламата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top