По драстично зголемените температури вчера, сончевото и пријатно пролетно време продолжува и денес. И денеска и утре претпладне ќе биде сончево време со умерена облачност, а околу пладне и попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во среда и четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Минималната температура ќе се движи од еден до осум, а максималната од 18 до 24 степени.
Во Скопје слично време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во среда и четврток ќе преовладува стабилно и суво време. До среда ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.