Актуелниот шампион во НХЛ лигата, Лос Анџелес кингс нема да ја брани титулата, по лошите резултати во финишот од регуларниот дел од сезоната. Кралевите го утнаа плејофот и завршија на деветтата позиција во Западната конференција, една под потребното за настап во доигрувањето.
Медиумите во САД објавија неверојатна приказна за случувањата во таборот на шампионите, а неверојатно за професионална лига звучи податокот дека хокеарите на Лос Анџелес не го пуштале тренерот Дерил Сутер во соблекувалната. Играчите го блокирале влезот и кога Сутер повикал обезбедување и влегол во соблекувалната не нашол ниту еден од хокеарите на Кингс, кои очигледно го бојкотирале тренерот. Каква ќе биде разврската ќе биде познато наскоро, а недоразбирањата во сопствениот табор шампионите го платија скапо и нема да ја бранат НХЛ титулата од лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шведска посреќна во пенал-рултет, голманот Луквист е херојот за нова светска титула во хокеј (видео)
-
НХЛ ѕвездите дефинитивно нема да бидат дел од Зимската олимпијада во Пјонгчанг
-
Хокеарската репрезентација за заедничка Македонија: Нашите дресови се „црвено-жолти“ и такви ќе останат!
-
Џонатан Тоус е најскап хокеар во светот