| четврток, 6 декември 2018 |

Осум поени за Антиќ, пораз за резервите на Атланта

Перо Антиќ се врати во ритам по незгодниот инцидент и апсењето во Њујорк и одигра солидна партија во Вашингтон против Визардс, иако неговиот тим беше поразен со 99 – 108.

Во меч без резултатско значење за Атланта, играа резервите на овој тим, а Антиќ за нешто повеќе од 18 минути игра постигна 8 поени и имаше 7 скока.

Хоукс го претрпеа дваесетиот пораз во сезоната, но тие одамна го освоија првото место во Источната конференција, па имаа можност да ги одморат главните ѕвезди во тимот, Хорфорд, Тиг, Керол и Корвер. Се очекува за плејофот подготвен да биде и повредениот Пол Милсеп, па Атланта како главен фаворит на Истокот ќе го почне доигрувањето за титулата.

pero antic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top