Германска наставничка летово ќе стане најстарата мајка на свет која родила четворка. Оваа приказна го обиколи светот, а германскиот весник Билд и посвети и насловна страна. Иако веќе има големо семејство, наставничката од Берлин последните години патувала низ Европа на бројни вештачки оплодувања за да ја исполни желбата на најмладата, деветгодишна ќерка, која посакала помал брат или сестра.
Последното оплодување ги надминало очекувањата со оплодени четири јајце клетки. Тоа, пренесува Билд, било шок. Професорката по англиски и руски јазик годинава заминува во пензија. Не се грижи за годините, но ниту за коментарите. Нејзините четири нови деца ќе тргнат во училиште кога таа ќе има 71 година.
Но ова не е прв пат Анегрет Рауник да биде тема во јавноста заради задоцнета бременост. Во 2005 година ги полнеше весниците кога 13-тото дете го роди на 55 години.
Таа сега нема проблеми со четворката, нема никакви потешкотии, а според докторите најголема опасност за децата може да е предвременото породување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


