Ајкула усмрти денеска едно 13-годишно момче во близина на францускиот остров Реинион, кој се наоѓа во Индискиот Океан.
Ајкулата го нападнала момчето додека сурфал западно од брегот на островот во недозволениот дел од океанот.
Ова е 16-ти напад во близина на овој остров од 2011 година, а седми со смртоносни последици.
Локалните власти во февруари ја продолжија за уште една година забраната за пливање и други активности на вода, освен во строго определените зони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.