| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката црква нуди помош за собирање финансии за исплаќање на државниот долг

newego_LARGE_t_1101_54491120

Грчкиот архиепископ Јероним изјави дека црквата е подготвена да ги понуди своите имоти за работење, со цел да помогне во собирање средства за исплаќање на државниот долг.

Православната црква е влијателна институција во Грција и поседува многу земјиште и недвижен имот, вклучувајќи и во главниот град Атина.

– Дојдете да работиме за Грција. Ако државата има потреба од соработка, ние сме тука, изјави архиепископот Јероним во интервју за националната телевизија по повод Велигден.

На прашањето дали црквата ќе се согласи да ја продава сопственоста, архиепископот одговори дека не планира продажба, туку заедничка дејност со државата, која ќе може да користи дел од приходите за исплаќање на долгот. Тој нагласи дека земјиштето ќе остане во „грчки раце“, без да потврди за каков точно бизнис станува збор.

Не е познато колку точно имот поседува Грчката православна црква, бидејќи нејзината структура е децентрализирана, а Грција нема централен катастар.

Поголем дел од грчките граѓани сметаат дека Црквата поседува премногу имоти, плаќа многу мали даноци и не придонела за излез на земјата од кризата.

Грција се наоѓа на работ на банкрот од почетокот на должничката криза во 2009 година, а единствен спас наоѓа само благодарение на спасувачките кредити од ЕУ и ММФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top