Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни верници во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија.
– На овој значаен ден сите христијани се присетуваат на Христовото жртвување за спас на човештвото. На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение кое го празнуваме како победа на животот. Чествувањето на Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и ја симболизира богатата македонска традиција која години наназад не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските. Нека овој празник вдахнува со добра мисла, мир и спокој за сите верници, да побараме милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите, се вели во честитката.
Воедно, во честитката за овој голем христијански празник, претседателот Иванов им посакува на верниците добро здравје и духовен мир.
– Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакувам топлина во домот и светлина во пораката, која треба да ја шириме за човечност, мир и разбирање. Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна! Навистина воскресна!, стои во честитката од претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид
-
Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија