| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници православни верници на церемонија на Светиот оган во Ерусалим

Илјадници верници ја исполнија денеска црквата на Светиот гроб во Ерусалим на церемонија на Светиот оган, пред прославата на православен Велигден.

erusalim

 

Верници од православни држави и Арапи христијани кои живеат во Светата земја, палеа по 33 свеќи со пламен што се појави во црквата. Верниците сметаат дека „Божествениот оган од небото ги пали свеќите што ги држи ерусалимскиот патријарх на гробот на Христа за време на церемонија што датира од 4 век и симболизира воскресение Христово“.

Светиот оган се смета за чудо што се случува еднаш годишно на Велика сабота, јавуваат западни медиуми.

Церемонијата почнува со процесија околу црквата по што сите светла се гаснат пред во неа да влезе православниот патријарх на Ерусалим. Црквата на Светиот гроб е подигната на место каде според христијанското верување бил распнат Исус, погребан и воскреснал. Минатата недела таму беше прославен Велигден по грегоријанскиот календар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top