| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која доби Пулицер, но и одзеде живот

Фотографот Кевин Картер од Јужна Африка, при посета на Судан во 1993 година ја направил фотографијата која буквално го потресе светот и за неа добил Пулицерова награда. Сепак неговиот живот завршил трагично, а голем удел во тоа има токму и приказната за настанувањето на оваа фотографија.

Имено, Картер бил чен на клубот “Beng Beng”, во овој клуб биле членови уште тројца фотографи; Грег Мариновиќ, Кен Остерброек и Жоао Силва. Во март 1993 година, Картер со конвој на ОН пристигнал во Судан, додека хуманитарците делеле храна, тој слободното време го искористил за да ја разгледа околината. Во близина на хуманитарниот центар, наишол на застрашувачка глетка … Гладно девојче лазело во обид да дојде до местото каде се делело храна. Неколку метри подалеку стоел мршојадец, кој мирно ја гледал ситуација и чекал девојчето да умре. Картер го фотографирал овој ужасен момент, потоа се вратил во центарот. Тој ги следел инструкциите дадени од хуманитарците, дека не смее да ги допира децата поради ризикот од многу болести. Дали девојчето успеало да стигне до местото со храна, не е познато.

Фотографијата ја објавил „Њујорк тамјс“, а се појави во речиси секој весник во светот. Кевин Картер за својата работа во 1994 година, ја доби Пулицерова награда, најголемо признание кој еден новинар може да го добие.

Rebecca-Hearfield-photographing-Kevin-Carter

Три месеци подоцна, Кевин Картер пристигнал во Паркмор, место каде што си играл како дете. Го поврзал цревото од едната страна со ауспухот, а другиот дел од цревото го ставил низ прозорецот на колата. Седнал во автомобилот, го запалил и умрел од труење со јаглероден моноксид (на 33 години). Пред да го стои тоа оставил писмо, во кое меѓу другото пишува:

-Жал ми е, многу ми е жал … Болката што ја почувствував во овој живот ги надмина сите радости. Ме прогонуваат сеќавањата на изгладнетите и повредените деца … одам да му се придружам на Кен, доколку би имал среќа.

Дали е покрај својот пријател Кен Остербоек во рајот и дали го видел малото девојче, никој не знае. Сигурно е дека никогаш не ја заборавил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top